Притвор за двајца штипјани: Запалиле возило за да изнудат пари!
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А.(38) и М.М.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „Сеат Леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари. Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Ќе ја казни ли некој Општина Штип…
Советникот во Советот на Општина Штип од…
(Видео) Ако не може општината, може Левица:…
Членовите на локалниот огранок на Левица во…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…