Притвор за мажот кој ја уби жената со 14 убоди од нож
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.
Квалифицираните облици на убиство уредени со член 123 став 2 од Кривичниот законик предвидуваат казна затвор од најмалку 20 години или доживотен затвор, а точката 1 се однесува на „лишување од живот на жена или девојче до 18 години, при вршење на родово – базирано насилство“.
Оваа година во првиот квартал се регистрирани 3 случаи на фемицид, додека во август кумановец си ја уби сопругата со нож, а потоа и нејзината мајка по што се фрли од прозорец и почина во болница.
Во изминатите 4 години односно во периодот 2018-2022 година во државава имало 17 случаи на фемицид, а убиени се 19 жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…
67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…
УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…
Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…