Притвор за македонец осомничен за серија кражби во Подгорица
Основното државно обвинителство во Подгорица одреди мерка притвор од 72 часа за српски државјанин Е.Х. и македонски државјанин Б.С., осомничени дека во текот на ноември извршиле серија тешки кражби со провала во угостителски, комерцијални и други деловни објекти на територијата на Подгорица.
Според обвинителството, Е.Х. влегувал во објектите и земал пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината. По кражбите, двајцата ја делеле противправно стекнатата имотна корист.
Против Е.Х. дополнително се води постапка поради сомневање за фалсификување документи. При апсењето, кај него биле пронајдени важечки документи од Србија, но и сомнителни странски документи. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница.
Двајцата осомничени се приведени поради ризик од бегство, информираат од ОДТ Подгорица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за македонец осомничен за серија кражби…
Основното државно обвинителство во Подгорица одреди мерка…
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не се мешај…
„Бенјамин Нетанјаху штотуку разговараше со американскиот претседател…
НАТО размислува за поофанзивен пристап кон Русија…
НАТО би можел да го заостри својот…
Мицкоски: Мојот нов мандат како претседател на…
На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени…
Макрон: Моментално нема сеопфатен мировен план за…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес по средбата…