Макрон: Моментално нема сеопфатен мировен план за Украина

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денес по средбата во Елисејската палата со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека засега нема сеопфатен мировен план за Украина, објавија француските медиуми.

„Денес нема финализиран план во врска со територијалните прашања. Само претседателот Зеленски може да го финализира“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател, додавајќи дека „американските медијатори ќе отпатуваат во Москва во наредните часови“.

Францускиот претседател рече дека во врска со прашањата за замрзнатите руски средства, безбедносните гаранции, пристапувањето на Украина во Европската Унија и европските санкции, американскиот план може да се финализира само со Европејците на маса.

„Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза. Тоа не е сеопфатен мировен план. За сеопфатен мировен план, Украина, Русија и Европејците ќе мора да бидат на маса“, нагласи Макрон.

Зеленски рече дека Украина мора да им гарантира на своите граѓани дека нема да има понатамошна агресија.

„Русија мора да ја заврши оваа војна што ја започна, но продолжува да ја води“, рече Зеленски, додавајќи дека треба да се осигура дека „Русија не чувствува дека добива награда за оваа војна“, алудирајќи на територијалните претензии на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…