Притвор од 30 дена за скопјанецот кој се обиде да силува две жени
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против М.С. (26) поради основано сомнение дека сторил кривични дела обид за силување и полово вознемирување, по што од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена.
Веднаш по добиени пријави од 49-годишна жена дека машко лице на 26.02.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа на Средно Водно, како и од 28-годишна жена дека машко лице на 04.03.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа, преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што М.С е приведен во полициска станица.
Тој ги признал делата, по што со кривична пријава е предаден на ОЈО Скопје и надлежниот суд кој му одредил мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…
АНБ лани се подновила со возила за…
Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…
Пресуда за двојното убиство на Вања и…
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…