Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите клучни измени на новиот француски предлог!

t

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и почеток на преговорите за членство меѓу Македонија и Европската унија, содржи три клучни измени, објави Телма, цитирајќи од документот, кој денеска, на последниот ден од француското претседателство со ЕУ, пристигна во македонската Влада.

Првата е модификација на терминологијата околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција – со новата терминологија, официјалниот почеток на преговорите би бил со Првата меѓувладина конференција, а останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции, предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Овие протоколи или заклучоци повеќе не би биле дел од Преговарачката рамка, како што стоеше во првичниот нацрт – предлог на француското претседателство.

Формулацијата околу јазикот останува – македонски, со унилатерални изјави од Бугарија и Македонија, кои инаку немаат формално- правна тежина на обременување на самата Преговарачка рамка.

Македонија ја прифаќа обврската за промена на Уставот и внесување на Бугарите во него, до отворањето на првиот преговарачки кластер.

Пред формалното отворање на преговорите, доколку модифицираниот предлог биде прифатен од македонска страна, ќе треба да се потпише вториот Протокол од Меѓувладината конференција меѓу Македонија и Бугарија. За таа цел, деновиве, а не е исклучено уште утре, во Скопје ќе допатува бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пишува Телма.

Засега нема официјална потврда на овие информации од македонските власти, додека во Бугарија веќе се лиферуваат детали, со сосема поинаков контекст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…