Приходите од царините на Трамп би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави дека приходите од царините, кои претседателот Доналд Трамп ги воведува постепено, би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно.
Бесант вчера на состанокот на кабинетот во Белата куќа изјави дека неговата претходна проценка за годишен приход од 300 милијарди долари е прениска, објави Ројтерс.
„Имавме значителен скок од јули до август и мислам дека ќе видиме уште поголем скок од август до септември. Оваа администрација забележа значителен пад на буџетскиот дефицит“, рече тој. Приходите од царините би го компензирале зголемувањето на буџетскиот дефицит предизвикано од намалувањето на даноците и законите за трошење што републиканците ги донесоа оваа година. Бесант во понеделник изјави дека американската влада собрала 29,6 милијарди долари од царински давачки во август. Тој додаде дека Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) ја ревидирала својата проценка за федералните приходи од царините на Трамп и предвидела дека тие би можеле значително да го намалат буџетскиот дефицит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приходите од царините на Трамп би можеле…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави…
Трамп ќе го менува името на Министерството…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата…
Уганда ќе прима мигранти одбиени за азил…
Уганда постигна договор со САД за прифаќање…
САД ги проверуваат сите носители на визи:…
Според американските медиуми, САД ги проверуваат сите…
САД воведоа нови санкции врз компании поврзани…
Американскиот Стејт департмент денес воведе санкции против…