Приходите од царините на Трамп би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави дека приходите од царините, кои претседателот Доналд Трамп ги воведува постепено, би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно.
Бесант вчера на состанокот на кабинетот во Белата куќа изјави дека неговата претходна проценка за годишен приход од 300 милијарди долари е прениска, објави Ројтерс.
„Имавме значителен скок од јули до август и мислам дека ќе видиме уште поголем скок од август до септември. Оваа администрација забележа значителен пад на буџетскиот дефицит“, рече тој. Приходите од царините би го компензирале зголемувањето на буџетскиот дефицит предизвикано од намалувањето на даноците и законите за трошење што републиканците ги донесоа оваа година. Бесант во понеделник изјави дека американската влада собрала 29,6 милијарди долари од царински давачки во август. Тој додаде дека Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) ја ревидирала својата проценка за федералните приходи од царините на Трамп и предвидела дека тие би можеле значително да го намалат буџетскиот дефицит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…