Објавено на:

Пријава за скопјанец кој повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на ИСИС

t

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје кој преку социјална мрежа повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно со уште 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово.

–Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Република Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Косово е доставен одговор со соодветни докази, а од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело, стои во соопштението од МВР.

С.И. се товари за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а став 4 од Кривичен законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска…

Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица…

Воени бродови на американската морнарица соборија ирански…

Воените бродови на американската морнарица за прв…

ХДЗ слави победа во Хрватска

Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на…