При полициски претрес пронајден хероин во дом во Велес, уапсени се две лица

t

При петреси во Велес, пронајдена е дрога и приведени се две лица.

Како што информираат од МВР, вчера (01.10.2025) во 07:45 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(47) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е кафеава прашкаста материја.

Исто така, со издадена судска наредба, извршен е претрес и во домот на 53- годишната Ѓ.Р. од Велес, каде била пронајдена и одзмена дигитална вага, по што, во СВР Велес со Ѓ.Р. бил извршен службен разговор.

С.М. е задржан полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При полициски претрес пронајден хероин во дом…

При петреси во Велес, пронајдена е дрога…

Мицкоски: Нашата цел е да станеме центар…

Живееме во време кога дигиталните решенија не…

Израел објави фотографии од активистите: Пловат кон…

Израел објави дека активистите од флотилата, која…

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија, нема…

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за…

„Форбс“: Илон Маск е првиот човек со…

Илон Маск стана првата личност чие нето…