СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија, нема лекови, нема реагенси, нема апарати

t

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија, нема терапија, нема реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење не работат, тврди Eлена Радеска, од Комисијата за здравство на СДСМ.

Пациенти во животно загрозувачка состојба, се оставени сами на себе, принудени да купуваат лекови од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи. Додека граѓаните бараат спас, раководството на клиниката признава дека апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис. Пациенти се одложуваат, животи се ставаат во ризик, а оправдувањата се сведуваат на тендерски процедури и дистрибутерски грешки“, рече таа

Според неа, ова не е прв пат и вели дека проблемите со недостаток на лекови се контиунирани поради неорганизираност и импровизации откако ДПМНЕ е на власт.

„Но денес, тоа веќе не е административен пропуст, туку прашање на живот или смрт за македонските пациенти. Итна одговорност од министерот за здравство и раководството на Клиниката за онкологија. Не може институции да се правдаат со „тендери“ додека луѓето бараат спас надвор од државата“, рече Радевска.

Таа побара независна контрола и ревизија на целокупниот систем во онкологијата за да се утврди каде е прекинатиот ланец и кој е одговорен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија влегле со уредни турски патни…

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен…

Зеленски нареди целосно да се урне Кримскиот…

Украина подготвува нови напади врз Кримскиот мост,…

Приведена охриѓанка: Нападнала малолетен член на семејството

На 28.11.2026 во 21:20 часот, полициски службеници…

Снежното невреме ја парализира Бугарија, населени места…

Обилните снежни врнежи и силниот ветер предизвикаа…

(Видео) Се правеше паметен и постави албанско…

Утврден е идентитетот на лицето кое за…