Продолжува забраната за извоз на млеко од Србија

t

Владата на Србија на денешната седница ја одмрзна цената на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст, која до денеска беше ограничена на 128,99 динари (62 денари), пишува Блиц.

Со новата уредба за цената на основните прехранбени производи, ќе се укине ценовното ограничување на UHT млекото со 2,8 отсто млечни масти, но маржата на целото UHT млеко ќе биде 10 отсто, дознава Euronews.rs.

До 31 октомври се продолжува и забраната за извоз на млеко. Новата највисока цена на кристалниот шеќер ќе биде 109,99 ( околу 50 денари) динари за килограм. Се менува и цената на свежото пилешко месо, па килограм во иднина ќе чини 319 динари ( околу 165 денари).

Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе се продолжи до 31 октомври, а одлуката за забрана за извоз на дизел ќе биде укината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…