Продолжува ли Христијан Пендиков да бега од органите на прогонот во Македонија?

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, нема информации дали Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, се наоѓа во Македонија, или се уште е на територијата на соседна Бугарија.

– Не сум имал веќе комуникација бидејќи имаше процес во државата по однос на тоа што се случи. За мене беше важно реакцијата на Република Македонија, која морам да кажам дека беше асиметрична по однос на тоа што се случи обвинувајќи ја државата за системска дискриминација и системски напад, беше многу важно да покажеме дека ние како држава не поддржуваме такви напади. Затоа отидов во Софија, да покажам почит кон наш државјанин, меѓутоа и да покажам пред ЕУ дека тоа не е политика на државата и дека таквите напади не ги одразуваат чувствата на нашите државјани, И се надевам дека ќе се врати затоа што сите наши државјани треба да ги уживаат сите можности и сигурноста која ја обезбедува државата и поради било какви етнички, идеолошки, политички размислувања, никој во државата не треба да се чувствува несигурно, истакна Османи.

Министерот посочи дека Македонија е држава која на исклучително ниво ги негува меѓуетничките односи и секој има право на самоопределување, што тој лично, ккао припадник на малцинска заедница, го истакнал и во Бугарија и во Европската унија.

Рочиштето за нападот на Христијан Пендиков беше одложено поради тоа што одбраната на Пендиков истакна дека тој не бил во добра состојба и не можел да зборува.

– Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето, исткакна обвинителите.

Следното рочиште е закажано за 5 април.

Пендиков гостуваше во неколку бугарски медиуми, што значи дека е во добра состојба, Таква забелешка дадоа и тамошните доктори кои се грижеа за неговото здравје.

Пендиков беше пренесен во Софија со владин авион откако, според него, бил претепан затоа што се декларира како “македонски Бугарин”, иако еден од напаѓачите е всушност бугарски државјанин, за разлика од Пендиков кој воопшто нема бугарско државјанство, но има поднесено за бугарски пасош во декември минатата година.

Она што македонската јавност го пропушта, а очигледно и институциите, е дека против Пендиков се води активна кривична постапка во Македонија, за  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Согласно Кривичниот законик на Пендиков му следува затворска казна од шест месеци до три години.

Кривичниот законик предвидува основна казна од три до десет години и полесна казна од шест месеци до три години за помало количество на дрога.

Пендиков моментално се наоѓа во Бугарија и е во добра состојба, за тоа информираа бугарските лекари од клиниката каде беше пренесен, а пренесувањето беше помпезно, со воен авион како да е воена жртва, а не обвинет за поседување, а можеби и дилање на дрога.

ОЈО Охрид иако има кривична постапка не му определува никаква мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, односно нема изречено притвор, куќен притвор, не му е одземена патната исправа, ниту треба да се пријавува во државен орган на определен период.

Практично тој е слободена таа слобода ја искористи за да отиде во Бугарија, а бугарскиот министер за надворешни работи изјави дека таму ќе остане подолг временски период затоа што во Македонија не било безбедно за него.

Најмалку пет години затвор му се закануваат на Христијан Пендиков, човекот кој доби еден вид херојски статус во Бугарија, ако Обвинителството отвори постапка против него за прекршување на член 308 од Кривичниот законик. Според познавачите тој би можел да одговара за дела против суверенитетот на Македонија, ако надлежните институции постапат како во вистинска правна др/ава.

Адвокатот Драган Пешевски, вели дека кога е Пендиков во прашање постои сомнеж дека го прекршил Кривичниот законик по членот каде пишува: Граѓанин на Македонија кој ќе ја доведе државата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

„Треба да сфатиме дека неговото однесување и тоа како Македонија ја става во потчинета и незавидна позиција. Треба да го гледаме како антидржавен елемент и треба да се префрлиме во главата на кривичните дела кои што се против државата. Затоа сметам дека истиот има сторено кривично дело загрзување на суверенитетот на Република Македонија по член 308, каде што е предвидена од најмалку пет години, а горната граница не е утврдена“, изјави Пешевски за Алфа.

Според адвокатот Јанаки Митровски, Пендиков би можел да се гони за сторени кривични дела против угледот и честа на државата, односно членовите 178 и 179 од Кривичниот законик.

Во нив е наведено дека: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, и тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Македонија, ќе се казни со парична казна.

„И Пендиков и било кој друг наш или странски државјанин, бидејќи е делото против нас вршено е подложен на кривичен прогон по членовите 178 и 179, кои што се од главата на дела против честа и угледот односно изнесување на подбив на Република Македонија како држава и нејзините симболи, грб, знаме, химна. Ваква кривично правна заштита, нашата држава требаше да бара уште кога почнаа да никнуваат како печурки после дожд, инспирарани од бугарското разузнавање да не лажеме, наци клубчиња со имиња на наци колаборатори“ – смета Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…