Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор за двајца осомничени

Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ од Бор продолжува, а на двајцата осомничени за убиството им е одредена мерка притвор до 30 дена. Уапсени се и братот и таткото на еден од осомничените, под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на девојчето.
Полицијата вчера извршила увид во дворовите на соседите и околните бунари, а во селото Злот, пред куќата на Д. Д., осомничен за убиството на девојчето, донесени се и резервоар за одвод на септичка јама и багер. На предлог на Вишото јавно обвинителство Заечар, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар му одреди притвор до 30 дена на Ј. С. (50) од село Лука и Д. Д, (50) од село Злот поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство во соизвршителство, соопшти вчера Вишото јавно обвинителство Заечар.
Обвинителството тврди дека Д.Д. на рочиштето во целост го признал делото, додека Ј.С. бранеше со молчење. Во меѓувреме, полицијата го уапсила и Р. Д. (1951) и Д. Д. (1984), поради постоење основи на сомнение дека Д. Д. помогнал телото на девојчето да се пренесе од депонијата во околината на Бањско поле на засега непозната локација на територијата на градот Бор.
Нив им е одреден притвор до 48 часа и се спроведени во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Како што се дознава, станува збор за таткото и братот на Д. Д, осомничениот за убиството на девојчето. Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе испрати писмено барање до новата влада да размисли дали да предложи измени на Кривичниот законик за воведување смртна казна за најтешките кривични дела.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а припадниците на МВР го уапсија Ј. С. и Д. Д., поради сомневање дека го убиле девојчето, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…
Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…
Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…
Молитва за жртвите во Кочани во храмот…
Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот…