Продолжува реконструкцијата на пешачките и велосипедски патеки на булеварот „Гоце Делчев“

t

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје од денеска продолжуваат со реконструкција на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот Гоце Делчев во насока од стоковна куќа „Мост” кон мост „Гоце Делчев” .

Денеска се вршат почетните позиции машински ископи на оштетениот материјал, односно бекатон плочи и руиниран асфалт и се подготвува површината за асфалтирање.

-Во изминатиот период беше реконструирана едната страна од булеварот, односно пешачки и вело патеки од страната на катната гаража на површина од околу 1.800 квадратни метри која реконструкција вклучуваше и два пешачки острови. Во текот на следниот период екипите продолжуваат со активности за реконструкцијата на патеките на булеварот „Гоце Делчев“ од страната на скопската тврдина Кале, информираат од Град Скопје.

Со реконструкцијата на пешачките и вело патеки на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите на овој потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…