Продолжува судењето за „Пулс“: Градежниот инспектор Георгиев побара обвинителот да го повлече обвинението
Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.
Дополнение на воведен говор на градежениот инспектор Огњан Георгиев.
Точно 28 години работев како градежен инспектор, работата ја вршев најчесно и најсовесно, без ниту една црна дамка. Веќе повеќе од пет и пол години не сум инспектор, бев префрлан во одделение за урбанизам од каде пред повеќе од четири години заминав во пензија. Јас со оваа трагедија немам никаква врска, како инспектор бев на работа и во контрола во повеќе градови во Републиката, во Виница работев 10 месеци, во Штип 6 месеци, во Делчево работев двапати по три месеци, бев во контрола во Скопје, Пробиштип, Кавадарци, Радовиш и други градови, никаде не сум имал наредба или барање за контрола на ваков објект. Мојот закон и овластувањата по него за мене секогаш беа примарни и затоа за време на работата немав никакви проблеми во врска со позитивната законска регулатива. Со ниедна странка немам изгубено спор на суд, јас со оваа трагедија, со овој пожар немам ништо, обвинет сум без никаков основ, никогаш не сум бил во објектот ниту бил во моја надлежност. Наведените правни изрази трајно кривично дело, соизвршителство, умисла, евентуална умисла, небрежност и не знам што, за мене сето ова не е во ред и со сето ова јас немам ништо. Барам ЈО да го преиспита обвинението и јас и моите колеги да бидеме ослободени и повеќе да не се става во контекст и споменува зборот пренамена во врска со овој објект поради тоа што веќе не знам колку пати кажавме и докажавме дека тука пренамена не постои, туку има промена на дејноста за која градежната инспекција нема никакви надлежности, градежна инспекција може да затвори градилиште, но да забрани стопанска дејност не може. Суштината на нашата одговорност се заснова на законските обврски по кои сме обврзани да постапуваме, до сега ЈО во обвинението не ги лоцираше законските обврски што сме ги пропуштиле, а поради нив настанал пожарот. Повикувањето на општи одредби за законски обврски за толкав број на различни структури по дејност на обвинетите, не само што е неозбилно и несериозно, туку се коси со принципот на законитост на кривичното право за кое е должност да обвинителот да укаже и да докаже кои се моите пропусти или непреземање на мерки според Законот, кои сум ги пропуштил или преземал.
Вака како што ме обвинувате не можам, а да не кажам дека не сум виновен и дека не ги гледам моите пропусти. Дајте ми законитост што сум прошуштил. И јас барам правда, исто како и сите други.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.
Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.
Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Пулс“: Градежниот инспектор Георгиев…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Мајка на жртва од „Пулс“: Борбата за…
Марија Петрушова, мајка на една од жртвите…
Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство…
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната…
Комисијата за човекови права денеска ќе ја…
Во Собранието денеска ќе се одржи седница…
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест…
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната…