Проектот “За безбеден град” ќе обезбеди намалување на насилството во училиштата

t

Од Град Скопје соопштија дека денес се одржа меѓуинституционална координативна средба за продолжување на проектот “За безбеден град”, кој има за цел намалување на насилството и девијантните однесувања во училиштата.

Го пренесуваме соопштението на Град Скопје во целост:

“Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје

Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“.

На средбата учествуваа претставници од средните училишта на Град Скопје и претставници од Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел утврдување на понатамошните насоки и активности поврзани со реализацијата на овој проект, согласно со годишната програма на Одделението за превенција при СВР Скопје што се однесува на преземање на превентивни мерки и активности за подобрување на општата безбедност.

Целта на овој проект е подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците, а воедно и намалување на сите облици и типови на насилство меѓу учениците, насилство на спортски натпревари и други облици на непримерно и девијантно однесување на јавни места поврзани со младата популација, како и ширење на говор на омраза на социјалните мрежи, вклучително и меѓуврсничко насилство и безбедност во сообраќајот.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…