Објавено на:

Производството на нафта во Русија се намали за 3,5 проценти во првиот дел од годината

t

Производството на нафта во Русија се намали, во периодот од јануари до мај годинава, за 3,5 проценти, на 211 милиони тони, објави денес руското Министерство за енергетика.

Рускиот министер за енергетика Сергеј Цивилев изјави дека во споменатиот период производството на јаглен се зголемило за 0,1 процент, на 187 милиони тони, јави ТАСС. Производството на гас е намалено за три проценти, на 290 милијарди кубни метри, во првите пет месеци од 2025 година.

Споменатите податоци покажуваат и дека електричната енергија е произведена во помал обем од јануари до мај, за 1,7 проценти, на 510 милијарди киловат часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Производството на нафта во Русија се намали…

Производството на нафта во Русија се намали,…

Зеленски е сигурен дека Путин се плаши…

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од…

Словачка повторно го блокира 18. пакет санкции…

Европската Унија уште еднаш не можеше да…

Трамп: „Само сакам да го запрам убивањето“,…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот…

Медиуми: Трамп го прашал Зеленски дали Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп приватно ја охрабри…