Зеленски е сигурен дека Путин се плаши од Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од Соединетите Американски Држави, а намалениот интензитет на бомбардирањето на Киев за време на посетите на американските претставници, вклучително и специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Кит Келог, го потврдува ова, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Генералот Келог пристигна и немаше масовни бомбардирања две ноќи по ред. Тоа е интересен пример. Луѓето дури се шегуваат дека требало да му се даде украински пасош“, изјави Зеленски за американскиот Newsmax.
Зеленски нагласи дека Путин покажува претпазливост кога претставници на САД се во Украина.
„Тој заплашува, уценува, создава тензии, но не оди кон целосна ескалација. Ова значи едно – дека Путин се плаши од Америка. Тоа е она што му го кажував на американскиот претседател Доналд Трамп цело време. На еден или друг начин, Путин се плаши од Америка. Сигурен сум во тоа“, смета Зеленски.
Тој, исто така, зборуваше за различните пристапи на американските претседатели во врска со војната во Украина.
„Претседателот Трамп му дава шанса на Путин да ја заврши војната. Навистина се надевам дека ако Путин не го стори тоа, Трамп ќе воведе силни санкции што е невозможно да се заобиколат и ќе ни даде вистински штит за одбрана на Украина и Европа. Тоа ќе направи разлика“, рече тој. додавајќи дека претходниот американски претседател, Џозеф Бајден, не беше во можност да ја заврши војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…