Пропадна заедничкото патување на Ковачевски и Петков во Рим за 24 Мај?
Премиерот Димитар Ковачевски оваа година ќе ја предводи владината делегација во Рим на традиционалото чествување на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј. Засега нема детали кој ќе биде дел од делегацијата и не се утврдени сите активности, но најверојатно е дека ќе нема заедничко патување во Рим со бугарскиот премиер Кирил Петков, по примерот од минатата година кога бугарскиот претседател Румен Радев патуваше во Рим заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски.
– Владата е во процес на организација на чествувањето. Предвидено е премиерот Ковачевски да предводи делегација со претходно утврдени активности за кои јавноста ќе биде навремено информирана – се вели во кусиот одговор од Владата до „Слободен печат“ на прашањето за агендата на Владата за чествувањето во Рим и за тоа дали годинава се договара заедничко патување на премиерот Ковачевски со колегата Петков.
Кон крајот на март, во бугарските медиуми се шпекулираше дека Петков планира пред јуни да го крене ветото за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, а тоа да го објави на заедничко чествување со македонската страна на 24 Мај во Рим, како симболичен ден на кој ќе се демонстрира напуштањето на децениските историски спорови. Медиумите пишуваа и дека Петков тоа го споделил со претседателот Румен Радев, но и дека од тимот на Радев никогаш досега не го виделе шефот на државата толку лут.
Минатата година, претседателот на Бугарија, Радев, со својот авион специјално слета во Скопје за да го земе колегата Пендаровски и македонската делегација и заедно симболично заминаа заедно на чествувањето во Рим. Годинава, пак, премиерите Ковачевски и Петков посериозно се зафатија со продлабочување на соработката, но односите меѓу двете земји се заладија во април годинава, по провокацијата кога целиот бугарски државен врв дојде во Битола на отварањето на бугарскиот клуб со скандалозно име „Ванчо Михајлов“. По тој чин, односите меѓу двете земји повторно се заладија, а не се одржа ниту планираната посета на Скопје на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…