Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом.
И на денешната седница за претседател на Парламентот на Косово повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа 55, „против“ – 46, а пет беа „воздржани“.
Потоа за претседател на Парламентот беше предложена, предложена пратеничката и актуелна в.д. министерка за образование, Арбери Нагавци, кој исто така не го доби потребниот број гласови, бидејќи 55 пратеници гласаа „за“, 47 беа „против“, а четворица беа „воздржани“.
Во третиот обид, за претседател беше номиниран пратеникот Димал Баша, кој исто така не го доби потребниот број гласови. „За“ него гласаа 57 пратеници, 25 беа „против“, додека 24 беа „воздржани“.
По три неуспешни гласања седницата е прекината и ќе продолжи на 26 август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропадна уште еден обид за конституирање на…
Поради тоа не се избрани потпретседатели и…
Во бесознание бил донесен во Клинички и…
СкопјеВо бесознание бил донесен во Клинички и…
Драма во кумановско: Две лица нападнале полицајци…
На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници…
Кондарко: Два потписа не се единствен услов…
Потребен е целосно нов Изборен законик со…
САД ѝ забрани на Украина да користи…
Пентагон со месеци ја блокира употребата на…