САД ѝ забрани на Украина да користи ракети со долг дострел за напад врз руска територија
Пентагон со месеци ја блокира употребата на американски ракети со долг дострел за напади длабоко на руска територија, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на официјални лица.
Како што се наведува, од крајот на пролетта, украинската војска не извршила ниту еден напад со системи ATACMS, бидејќи Вашингтон го забрани единствениот обид на Киев да ги користи за оваа намена.
Уште во ноември минатата година, тогашниот американски претседател Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да ги користи овие ракети за напад на руска територија. После тоа, и Велика Британија и Франција дадоа зелено светло за употреба на нивните крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ и „СКАЛП“.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредуваше дека украинската војска не може да користи високопрецизно оружје со долг дострел без директно учество на офицери на НАТО. Ова, како што нагласи, значи дека Западот би бил вклучен во директна војна против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…