Просечната нето плата за декември во Србија изнесува 108.312 динари

t

Просечната бруто-плата пресметана во Србија за декември 2024 година изнесува 148.428 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 108.312 динари.

Во однос на ноември, просечната нето-плата реално пораснала за дури 7,4 отсто, што најверојатно е резултат на вообичаените зголемувања кон крајот на календарската година.

Растот на бруто-платата во периодот јануари-декември 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,2 отсто, или реално 9,2 отсто, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 14,1 отсто, или реално за 9,1 отсто, објави Републичкиот завод за статистика.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за декември 2024 година е номинално повисока за 13,8 отсто, а реално за 9,1 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 13,9 отсто, односно реално за 9,2 отсто.

Просечната нето заработка за декември 2024 година изнесува 79.624 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведениот износ.

Вработените во белградските општини Стари Град (195.061 динари) и Врачар (188.864 динари) продолжуваат да добиваат најголема нето заработувачка, додека според видот на дејност, програмерите земаат највисока плата во просек (316.111 динари нето).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…