Просечната плата во Србија достигна историски 100.000 динари
Министерот за финансии во Владата на Србија Синиша Мали изјави дека просечната плата за мај за прв пат во историјата е 100.170 динари или 885 евра.
Министерот Мали во српскиот парламент изјави дека во декември просечната плата ќе биде повеќе од 900 евра.
Мал дел од своето излагање посвети на најавата за нови проекти.
– Обиколницата околу Крагуевац, Националниот стадион, патиштата со голема брзина се работи што ја менуваат Србија. Сакаме БДП до 2027 година да биде 100 милијарди евра – рече Мали и додаде дека Србија гледа кон иднината и денес изгледа сосема поинаку благодарение на инвестициите.
На критиките на пратениците од опозицијата одговори и Мали.
– Во декември ќе имаме просечна плата од над 900 евра како што ветивме и запомнете дека просечната плата во нивно време беше 320 евра. Слушнавте крајно срамна презентација на заменик кој е симбол на корупција затоа што не постои земја во која можеш да имаш функција каде што заработуваш 619 милиони евра. Ќе ве потсетам во кое време го направи тоа и што остави зад себе. Само за трудниците и родилките исплатите доцнеле 9 месеци. На сметката на Буџетот не беше вклучена исплата на пензиите за тој месец, а сега имате 100 пати повеќе, а да не зборуваме за некои реконструкции на булевар, набавка на трамваи, затворени фабрики и луѓе без работа. Тоа е неговиот резултат. 25,9 отсто беше стапката на невработеност во негово време. Денеска имаме рекордно висока вработеност и ниска невработеност. Во ваше време стапката на невработеност кај младите беше 53,2 отсто, а денес е помала и се намалува. Минималната плата била 15.700 динари. Не дај боже Србија да се врати таму – рече министерот Мали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…
Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…
(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…
Врз основа на достапните снимки и фотографии,…