Просечната плата во јуни изнесува 45.468 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2025 година изнесува 45 468 денари и е повисока за 8,4 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Зголемувањето, според податоците, најмногу се должи на растот на платите во секторите: образование (14,7%), здравство и социјална заштита (12,7%) и рударство и вадење камен (12,2%).
Истовремено, намалување на просечната нето-плата во споредба со претходниот месец е забележано во: финансиски дејности и осигурување (–7,5%), трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (–4,3%) и транспорт и складирање (–2,1%).
Просечната месечна бруто-плата во јуни изнесува 68 340 денари, наведува ДЗС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната плата во јуни изнесува 45.468 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Додик: На Српска ѝ е потребен договор,…
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денес…
Руте: НАТО активно ќе учествува во зајакнувањето…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
ФБИ го уапси Џон Болтон, поранешен советник…
Агенти на ФБИ извршија рација во домот…
Лавров: Средба Путин-Зеленски не е планирана
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…