Протекоа вецињата на психијатрија со кои Мицкоски се пофали дека ги реновирал
Докторката од Детската Клиника М.К алармира дека на Клиниката за психијатрија се случува недозволива ситуација поради што погодена е нејзина блиска роднина, пишува Слободен печат .
Станува збор за намален капацитет на Клиниката, поради тоа што неодамна протекле тоалетите за пациенти на третиот кат, поради што Клиниката повторно се реновира, а дел од пациентите не се примани, тврди таа. Клиниката за психијатрија е од витално значење за менталното здравје на македонските пациенти меѓу кои има и млади лица, па според М.К во моментов се случува „изживување со нацијата“ бидејќи поради пропусти во изведбата, роднина трети ден се наоѓала на импровизиран кревет во ходник во психијатриската болница „Бардовци“ зашто немало друго место во државата. Револтот кај неа како здравствен работник е голем.
-Клиниката за психијатрија се реновира.
Тој спрат сега се поплави пред 1 месец и не функционира. „8 Септември“ пред 2 месеци од икс причини, најверојатно зашто им ги зеле сестрите за децатаа во Кочани и немале сестри и персонал – го затворија одделот психијатрија. Го затворија психијатрискиот оддел во ГОБ „8 Септември“. Таму е тоа сместување е „кревет врз кревет“. Ете до толку и такви се условите, а не дај Боже на секој може да му се случи.
Не сме заслужиле сите после плаќање здравствено осигурување 40 години да ни лежи детето во ходник во кревет во Бардовци трети ден зашто не постои ниедна друга болница за таа намена. Спремни сме да ја однесеме во приватна болница, но во приватното здравство не постои таков оддел. Ова е изживување со нацијата, зашто баш во моментот сите имаме стресови и многу млади имаат потреба од психијатриската гранка, има и доста самоубиства и не знам како државата не се грижи за својата младина, изјави за „Слободен печат“ доктор М.К.
Претходно, Христијан Мицкоски се фотографираше и сечеше лента на отворањето на реновираните ВЦ-иња.