„Задоцнета реакција“ – Семејствата на загинатите организираат протести во Кочани ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат!
В сабота на 12 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи втор протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 61 младо лице и близу 200 повредени.
Маршот ќе започне од Градскиотт парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.
-На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.
Протестниот марш е втор по ред, откако минатата сабота близу илјада кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…