Протести во Албанија: Се бара поефтинување на цените на горивата
Голем број граѓани присуствуваа на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата.
Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.
-Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот, кој мина мирно.
Меѓу учесниците беше и комичарот Флор Бинај кој во рака држеше фотографии на премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со напишани нивни изјави со кои иронизира со нив: Јас не сум изгубил ниту едни избори- вели Баша а Рама вели :Јас не сум зголемил ниту еден данок.
Иронизираа и со изјава на министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балку која „ги посоветувала граѓаните да одат пеш или да користат велосипеди”.
Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…