Протести и контрапротести во Србија – инциденти на неколку места

t

Неколку инциденти се забележани во Србија на собирите на поддржувачите на партијата на претседателот Александар Вучиќ и граѓаните кои ги поддржуваат студентите.

Како што јавува Н1, пред зградата на Јавниот сервис полицијата агресивно ги потиснувала демонстрантите дојдени да изразат поддршка на студентите, како не би им дозволила да дојдат во близок контакт со поддржувачите на Српска напредна партија (СНС). Едно лице било приведено.

Неколку државни функционери излегле заедно со поддржувачите на Вучиќ.

Инциденти имало и во Богатиќ, каде биле повредени двајца припадници на полицијата кои се судриле со присутните граѓани. Во Чачак две лица биле претепани со полициски пендреци.

Она што ги одликува денешните два различни собири, како што јавуваат новинарите на Н1 од терен, е што полициските службеници и други припадници на безбедносните служби им го блокирале патот на граѓаните кои ги поддржуваат студентите, а од друга страна, поддржувачите на СНС можеле слободно да се движат низ улиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протести и контрапротести во Србија – инциденти…

Неколку инциденти се забележани во Србија на…

ЌЕ НЕМА ПРАВДА ЗА КОЧАНИ ДОДЕКА МИЦКОСКИ…

Објавените разговори во сторијата на „ИРЛ“ уште…

Русите ја погодија полската амбасада во Киев

Фрагмент од ракета го оштети конзуларниот оддел…

(Фото) Фотографиите со Доналд Трамп мета на…

Во бизарен пресврт во дипломатијата со високи…

Од ноќеска започнува изборната кампања за локалните…

Со полноќ започна 20-дневната кампања за Локалните…