Протест во Кичево: „Да се дислоцира ѓубрето, не задушуваат“
Група самоорганизирани граѓани на Кичево денеска излегоа на протест пред зградата на Општината, барајќи итно решавање на проблемот со депонијата што се наоѓа веднаш зад Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.
Протестот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од несреќата во Кочани.
Потоа, организаторите побараа итна дислокација на ѓубрето, истакнувајќи дека депонијата станала извор на неподнослива смрдеа и директна закана по здравјето на граѓаните.
„И покрај тоа што неколку пати институциите ни рекоа дека оваа локација е само привремена, и дека проблемот со отпадот ќе се реши во краток рок – ние и понатаму гледаме дека работата не мрднала од мртва точка. Напротив, количеството на отпад само се зголемува. Бевме сведоци дека ѓубрето неколку пати беше запалено – не знаеме дали намерно или случајно – но знаеме дека пред седум месеци имаше голем пожар и три дена живеевме во чад и неподнослива миризба“, рече еден од организаторите.
Загрижени за своето здравје и за животната средина, граѓаните испратија јасна порака до градоначалникот: да се најде решение – и тоа веднаш.
Протестот помина мирно, но организаторите најавија дека ова не е крај. Нов протест е закажан за за две недели, со порака дека нема да запрат сè додека не се исполнат нивните барања.
Прашан за овој проблем, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, за ТВ21 изјави дека управувањето со депониите е наследен проблем од претходните влади, а сегашната локална самоуправа ќе продолжи да го менаџира отпадот на ваков начин сè додека не се изгради регионалната депонија во Ново Село, Битолско.
„Го почитувам гласот на граѓаните и се обидувам да го дадам најдоброто од себе“, изјави Дехари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…
Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал…
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…