Протест во Тетово: Дали требаше да се случи трагедијата во Кочани да се уверите дека овој систем е пропаднат?

Во Тетово се одржа протест на група граѓани по повикот на иницијативата „Нула“ за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство.
Обраќања имаа претставници на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово и во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија.
-Дали требаше да се случи трагедијата во Кочани да се уверите дека овој систем е пропаднат. Јавно го прашувам Венко Филипче колку чини животот на мајка ми. Јавно го прашувам Кочо Анѓушев колку милиони евра профит вредат нашите 14 најблиски кои беа живи изгорени. Премиере Мицкоски вие ме посетивте дома за да ми изразите сочувство и ми ветивме дека случајот со модуларната болница ќе се расчисти. Дали требаше да изгорат уште 59 граѓани за конечно нешто да се преземе, рече Мумин Исмаили, претставник на семејствата кои имаат починати членови во модуларната болница.
Бурим Исљами кој загубил тројца членови во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија, рече дека се плашат дека и овој случај ќе заврши како и претходните, каде што виновници ќе бидат мртвите, каде што виновници ќе бидат најслабите.
-Но едно е сигурно, еден ден пред Господ сите ќе одговараме и тогаш на вас и на убијците и на криминалците нема да ве спаси корупцијата, рече Исљами.
Бленди Ходаи од Иницијативата Нула ги истакна барањата кои ги упатуваат за четирите трагедии во Модуларната болница, Кочани, Ласкарци и Беса Транс.
-За Модуларната болница: Бараме од Основното Јавното Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да го извади од фиока истрагата за вистинските виновници на пожарот во Модуларната болница и да поднесе обвинение против го одолговлекувале овој предмет, вклучително и јавните обвинители. Судењето за овој случај да се води без политичко-бизнис влијание. Кочани: Бараме независна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се обезбеди непристрасна истрага за овој случај. Да бидат изведени пред правдата сите оние кои со дејствување или со недејствување овозможиле незаконско функционирање на дискотеката од 2013 година, рече Ходаи.
За случајот Ласкарци, Ходаи рече дека бараат Апелацискиот суд да го врати предметот на повторно судење и да ги земе предвид жалбите на Јавното обвинителство за изрекување повисоки казни за обвинетите додека на сопствениците на „Дурмо-Турс“ да им се забрани вршење на оваа дејност.
-Покрај актуелно обвинетите, пред лицето на правдата да одговараат и сите службени лица кои во тој период дозволиле овие автобуси да сообраќаат без да поминат соодветни технички прегледи, рече Ходаи.
За случајот со Беса Транс од Иницијативата побараа Кривичниот суд да изрече повисоки казни за актуелно обвинетите со оглед на тоа што предметот е вратен на повторно судење, како и да одговараат сите јавни службеници кои тогаш овозможиле автобусот повеќе од 20 пати да ја премине границата со лажен сертификат за меѓународен превоз, а на сопственикот да му се забрани вршење дејност за превоз на патници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…
(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово
Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…