Противпожарната бригада не е без гориво – Демантираат од Град Скопје
Aктуелниот договор за гориво сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор, кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада, велат од Град Скопје.
Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво.
“За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.
Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.
Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.” – изјавија од Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…