Проф. Давитковски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани треба да се подели, инаку ќе се развлече
Судскиот процес за трагичниот пожар во Кочани, за кој досега има педесетина осомничени, треба да се подели на неколку обвиненија заради поголема ефикасност, предлага професорот Борче Давитковски. Точно два месеца по несреќата, истрагата е сè уште во тек, а таа мора да заврши во законскиот рок – до 17 јуни.
„Јас мислам дека ако не се подели судскиот процес, мислам со 50-60 обвинети ако има, тоа ми личи на „Змиско око“. Јас мислам дека мора да се поделат обвинетите и во зависност кое дело го сториле, така и да се одвива судењето со цел да биде ефикасно и брзо да се донесе решение, инаку тоа ќе се развлече. Педесет обвинети, еден адвокат да не дојде, тоа ќе се одлага и знаете наша судска пракса каква е. Сме имале стотици вакви големи случаи. Така што, претпоставувам мора да ги поделат обвиненијата за одредени сегменти. Кој ќе одговара за давање лажни лиценци, кој ќе одговара за примање мито, итн.“, вели професорот Давитковски, кој учествува на 11-та Oхридска школа на правото.
Во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, животот го загубија 62-ца млади луѓе, а околу 200 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…
Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…