Објавено на:

ПУКАЊЕ ВО КОСОВО: Нападната полиција, уапсени се пет лица!

t

Пет лица, четворица Срби и еден Албанец, се уапсени синоќа во Зубин Поток, Косово, а по уште едно лице се трага во врска со шверц на стоки, наркотици и напад врз полицијата, потврди заменик командантот на косовската полиција, Ветон Ељшани.

Полицијата вечерва три часа по полноќ кај Чечево открила група шверцери кои биле во три автомобили и едно комбе.

Во моментот кога полицајците се обиделе да ги спречат, тврди Елшани, групата со огнено оружје ја нападнала полицијата, која возвратила.

„Полициските службеници возвратија со оган, но за среќа немаше жртви“, рече тој.

Потоа во комбето пронашле разна стока, цигари, при што утврдиле дека има и наркотици.

Петмината уапсени се осомничени за „криумчарење стока“, „поседување наркотици“ и „напад на службено лице“.

Сите четири возила се привремено задржани.

Како што во меѓувреме потврди косовската полиција, објавувајќи фотографии од едно од четирите запленети возила, моментално постои сомневање дека стоката била донесена на Косово преку алтернативни патишта од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…