Пукање во Чаир: Скопјанец ги нападнал полицајците со огнено оружје
Околу 19.45 часот вчера пријавено е дека полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада” во Скопје запрел возило „митцубиши” кое имало вклучено т.н. флешери.
Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаирчанец ја нападнал вонбрачната партнерка со тврд…
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред три дена…
СТРАШНО! Во Чаир нападнато цело семејство, им…
На 01.05.2024 во 23:00 часот во СВР…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…
30-дневен притвор за едно лице по обидот…
На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…