Објавено на:

Пукна тиквата: Роналдо не го напушта само Манчестер Јунајтед туку и европскиот фудбал?

t

Уште од стартот на сезоната Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието поради конфликтот што го имаше со својот клуб.

Прво задоцни на подготовките, па не отиде на подготовките во Австралија за потоа да прави циркус затоа што не е дел од почетната постава во Манчестер Јунајтед. Се ближи Светското првенство во Катар, по неговото завршување ќе почне и јануарскиот преоден рок, а потоа речиси сигурно Роналдо нема да биде дел од Јунајтед.

Португалецот и во текот на летото сакаше да си оди од Олд Трафорд, но ниеден врвен клуб не го сакаше во своите редови, делумно поради огромната плата која ја бара. Тој самиот не сакаше да го напушти елитниот фудбал што во јануари, сепак, ќе биде случај.

Британските медиуми тврдат дека Роналдо сега му порачал на својот агент да ги слушне и понудите од САД. Тоа ќе значи негово заминување од европскиот фудбал и постепено завршување на неговата професионална кариера.

Извор: Спорт Клуб

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО:Фантастичен гол на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо ја потврди својата класа во…

Роналдо е најплатениот спортист во светот

Познатиот американски спортски портал Sportico ја објави…

Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…

Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…