Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни ги тепаат децата во Саудиска Арабија

t

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, а партнерката на фудбалерот, Георгина Родригез, во интервју за шпанскиот „Телемундо“ открила нови детали и се пожалила дека нивните деца искусиле физичко насилство на училиште.

„Има моменти на училиште кога децата ги удираат, а тие не се бранат“, рекла Георгина и потоа ја опишала ситуацијата.

„Пред некој ден ми дојде едно дете дома и почна да плаче, прашав што се случило и добив одговор: „Ме удри дете“. Му реков: „Зарем не знаеш да се браниш?“, изјавила таа.

Георгина и Роналдо живеат по нови правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекршила кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што ѝ се заканува парична казна.

Имено, шеријатот владее во Саудиска Арабија и жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, затоа не смее да се носи тесна, но и проѕирна облека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…

(Видео) Роналдо даде четири гола на еден…

Ал Наср со 4-0 победи на гостувањето…

За петтиот роденден на близнаците Ева и…

Поминаа речиси два месеци откако Кристијано Роналдо…

(Фото) По стапките на татка си: Синот…

Синот на Кристијано Роналдо, Кристијано Јуниор ќе…