Објавено на:

Путин вели извини, Алиев бара повеќе

t

Очигледно Русите случајно го собориле азербејџанскиот патнички авион. Владимир Путин се извини, но Илхам Алиев бара Русија директно да ја признае вината. И има силни адути во ракавот.

По уривањето на азербејџански патнички авион со 67 патници на 25 декември, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бара Москва недвосмислено да ја признае одговорноста за падот.

Загинаа 38 патници, а останатите го преживеаја принудното слетување во Казахстан.

Алиев смета дека Русија е одговорна за несреќата, иако според него е јасно дека „конечната верзија ќе се знае дури откако ќе се провери црната кутија“.

Алиев за азербејџанската државна телевизија изјави дека засега е познато дека авионот прелетувал над Грозни, главниот град на Чеченија, кога ја загубил способноста за маневрирање, бидејќи од земја биле користени радио-електронски средства.

„Тоа беше првата штета направена на авионот“, рече Алиев, додавајќи дека потоа бил отворен оган од земја. Алиев додаде дека не верува оти руската противвоздушна одбрана намерно го соборила авионот, но дека одредени кругови во Русија се обиделе да ја прикријат причината за падот.

Освен признавањето на вината за авионската несреќа, Алиев побара од Русија казна за одговорните и отштета.

Тој сето ова го изјави откако рускиот претседател Владимир Путин претходно се извини за фактот дека „инцидентот се случил во рускиот воздушен простор“.

Зошто Путин е внимателен кон Алиев?
Русија и Азербејџан се поврзани со стратешко партнерство кое беше склучено два дена пред рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Тогаш азербејџанскиот претседател пристигна во Москва на покана на Путин.

Азербејџан стана стратешки важен за Москва како транзитна земја кон Иран и како земја која ги поврзува Европа и Азија. Москва ионака се откажа од улогата на заштитник на Ерменија, што му овозможи на Азербејџан да ја врати контролата над Нагорно-Карабах.

Три години подоцна, односот на силите се промени. Тоа го покажува и телефонското извинување на Путин.

Алиев дознал за авионската несреќа во сопствениот авион, кој летал кон Москва, бидејќи сакал да присуствува на состанокот на Заедницата на независни држави. Тој му наредил на пилотот да го сврти леталото и да го врати во Баку. Одлуката телефонски му ја соопштил на Путин.

Алиев на почетокот го соопшти она што го слушнал од руските надлежни институции – дека авионската несреќа ја предизвикало јато птици.

Но, видеото кое го прикажува местото на несреќата покажа и оштетување на трупот што експертите го идентификуваа како дупки од противвоздушно оружје. Освен тоа, преживеаните сведоци велат дека имало најмалку една експлозија надвор од авионот. Исто така, не е јасно зошто авионот и натаму летал на исток преку Каспиското Море и не слетал во Русија.

Веќе на 26 декември се појавија извештаи во медиумите, повикувајќи се на извори блиски до владата во Баку, кои укажуваат на можноста дека падот на авионот е предизвикан од руски проектил земја-воздух истрелан кон украински дрон. При неговата експлозија, авионот бил погоден од остатоците.

Наводно, на авионот не му била дадена дозвола за итно слетување на руска територија, а се појавил извештај и за електронско заглавување на навигацискиот систем на патничкиот авион. На социјалните мрежи почнаа да кружат обвинувања дека Русија сакала авионот да се урне во Каспиското Езеро за да ги сокрие трагите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин вели извини, Алиев бара повеќе

Очигледно Русите случајно го собориле азербејџанскиот патнички…

Јаневска: Албанската азбука е помошен материјал во…

Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе…

Пентагон бесен на Киев: За 2 месеци…

Украина се соочува со недостиг на ракети…

Финансиска полиција: Кривична пријава против 8 лица…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Израел „се обложува на погрешен коњ“ во…

Високи турски претставници во неделата предупредија дека…