Путин го покани Трамп во Москва
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со рускиот лидер Владимир Путин во средата наутро. Путин го покани својот американски колега во Москва. Разговорот траеше час и половина.
„Само што имав долг и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Разговаравме за Украина, Блискиот Исток, енергијата, вештачката интелигенција, силата на доларот и други теми“, напиша Трамп на мрежата „Truth social“.
Според американскиот претседател, тој се согласил со Путин дека е неопходно да се стави крај на конфликтот во Украина. Русија и САД имаат намера да започнат преговори за решение на украинскиот конфликт без одлагање.
„Се договоривме нашите тимови веднаш да започнат преговори. И ќе започнеме со тоа што ќе му се јавиме на Зеленски за да го информираме за разговорот што се случил. Ќе го направам тоа веднаш“, рече Трамп.
„Побарав од државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ретклиф, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник Стив Виткоф да ги водат овие преговори, кои силно верувам дека ќе бидат успешни“, додаде тој.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп завршил неодамна, и дека траел речиси час и половина. Тие разговараа за ситуацијата во Украина, Блискиот Исток и иранската нуклеарна програма.
„Тие разговараа и за решавање на ситуацијата во Украина. „Претседателот Трамп се залагаше непријателствата да завршат што е можно поскоро и проблемот да се реши по мирен пат“, прецизираше Песков.
Путин го покани Трамп во Москва. Тие се договорија да продолжат со личните контакти и да организираат средба, прецизира Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…