Путин денеска ќе се сретне со Додик во Сочи

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе разговара со разрешениот претседател на Република Српска, Милорад Додик, во рускиот град Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков прецизираше дека средбата ќе се одржи по панел на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Сочи, на кој рускиот претседател учествува.

– Денеска тој (Путин) ќе се сретне со Додик. Тие неодамна се сретнаа и го продолжуваат својот активен дијалог. Сè уште има многу теми за разговор“, рече портпаролот на Кремљ..

Додик претходно најави дека денеска ќе се сретне со Путин, кој ќе биде главен говорник на 22-та средба на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“.

Република Српска е без претседател од 18 август, кога Судот на Босна и Херцеговина ја потврди одлуката на Централната изборна комисија за прекин на мандатот на Милорад Додик, откако тој беше осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Пресудата за Додик е една година затвор и забрана за вршење државни функции во траење од шест години. Тој ја откупи затворската казна, бидејќи законот го дозволува тоа.

Парламентот на Република Српска распиша референдум за 25 октомври, на кој гласачите треба да се изјаснат дали треба да се испочитува судската одлука за отстранување на Додик. На 23 ноември ќе се одржат избори за претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин денеска ќе се сретне со Додик…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе разговара…

СДСМ: 90% лаги на Орце Ѓорѓиевски за…

Секогаш кога Орце ги лаже граѓаните, тоа…

Во Македонија децата пушат цигари уште од…

Превенцијата во рана возраст е клучна за…

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и…

Во градот каде што утринските и попладневните…

Студенти од Белград ќе пешачат до Нови…

Во Нови Сад на 1 ноември, на…