Путин денеска ќе се сретне со Додик во Сочи
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе разговара со разрешениот претседател на Република Српска, Милорад Додик, во рускиот град Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков прецизираше дека средбата ќе се одржи по панел на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Сочи, на кој рускиот претседател учествува.
– Денеска тој (Путин) ќе се сретне со Додик. Тие неодамна се сретнаа и го продолжуваат својот активен дијалог. Сè уште има многу теми за разговор“, рече портпаролот на Кремљ..
Додик претходно најави дека денеска ќе се сретне со Путин, кој ќе биде главен говорник на 22-та средба на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“.
Република Српска е без претседател од 18 август, кога Судот на Босна и Херцеговина ја потврди одлуката на Централната изборна комисија за прекин на мандатот на Милорад Додик, откако тој беше осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Пресудата за Додик е една година затвор и забрана за вршење државни функции во траење од шест години. Тој ја откупи затворската казна, бидејќи законот го дозволува тоа.
Парламентот на Република Српска распиша референдум за 25 октомври, на кој гласачите треба да се изјаснат дали треба да се испочитува судската одлука за отстранување на Додик. На 23 ноември ќе се одржат избори за претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25-годишник го нападнал својот татко
На 23.11.2026 во 23:10 часот во с.…
„Волстрит џурнал“: Пентагон преговара со автомобилските гиганти…
Пентагонот води преговори со „Џенерал моторс“ и…
Шилегов: Немаше сообраќајка, возилото заглави во кал,…
Поранешниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов…
Тетовчанец долго ја малтретирал сопругата и ѝ…
Тетовчанец е уапсен по пријава од неговата…
Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…
Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…