Објавено на:

Путин: Конфликтот во Украина немаше да се случи ако Трамп беше претседател на САД

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е сигурен дека конфликтот во Украина немаше да се случи доколку Доналд Трамп беше претседател на САД во тоа време.

Тој на заедничката прес-конференција со американскиот лидер по нивната средба во Алјаска изјави дека конфликтот во Украина треба да заврши што е можно поскоро, но дека неговото решение мора да биде долгорочно.

„Секогаш верувавме и веруваме дека украинскиот народ е наш брат, ова го кажав многу пати, без разлика колку чудно може да звучи во сегашните услови. Имаме заеднички корени и сè што ни се случува е трагедија и голема болка“, рече рускиот претседател. Трамп ги разбира националните интереси на Русија Путин рече дека разговорите со неговиот американски колега се одржале во конструктивна атмосфера, со меѓусебно почитување, и додаде дека Русија гледа дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација сакаат да придонесат за решавање на украинската криза.

Путин рече дека американскиот претседател „има јасна претстава за тоа што сака да постигне“ и разбира дека Русија има свои национални интереси.

„Гледаме дека американскиот претседател има јасна претстава за тоа што сака да постигне, искрено се грижи за просперитетот на својата земја и во исто време покажува разбирање дека Русија има свои национални интереси“, рече Путин.

Тој оцени дека постојат сите причини да се верува дека со американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде можно да се стави крај на конфликтот во Украина. „Имам сите причини да верувам дека, движејќи се по овој пат, можеме да постигнеме крај на конфликтот во Украина, колку побрзо толку подобро“, рече Путин. Според него, беше крајно време Русија и САД да преминат на дијалог и да се оддалечат од конфронтацијата.

„Очигледно е дека порано или подоцна мораше да ја поправиме ситуацијата и да преминеме од конфронтација на дијалог. И во овој поглед, беше крајно време за лична средба меѓу лидерите на Соединетите Американски Држави и Русија“, рече Путин. Рускиот лидер нагласи дека се надева оти договорите постигнати на средбата со неговиот американски колега ќе бидат основа не само за решавање на украинскиот конфликт, туку и за обновување на билатералните односи меѓу двете земји.

„Денес го слушаме претседателот Трамп како вели: ако јас бев претседател, немаше да има војна. Мислам дека тоа навистина би било случај. Го потврдувам тоа. Бидејќи, генерално, претседателот Трамп и јас воспоставивме многу добри деловни и доверливи односи“, додаде рускиот претседател. Путин, исто така, нагласи дека решавањето на украинскиот конфликт мора да биде долгорочно, да има солиден и стабилен карактер и дека за ова е потребно да се решат првичните причини за конфликтот.

„Веруваме дека Европа и Киев ќе го разберат ова на конструктивен начин и нема да создаваат никакви пречки“, рече Путин.

Трамп: Добра шанса да се решат сите прашања Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека за некои прашања поврзани со Украина, сè уште не е постигнат договор со Русија, но дека постои „добра шанса“ тој да биде постигнат. „Успеавме да постигнеме договор за многу точки. Има неколку точки за кои сè уште не сме се согласиле, вклучувајќи една, веројатно најважната, но мислам дека имаме добра шанса да го направиме тоа“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Конфликтот во Украина немаше да се…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е…

Трамп и Путин не постигнаа историски договор…

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател…

Шестмина припадници на полицијата се повредени за…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…

Дојава за бомба во авион на скопскиот…

Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот…

Променливо облачно со сончеви периоди – попладне…

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе…