Трамп и Путин не постигнаа историски договор – ќе се сретнат пак, во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Аљаска одржаа заедничка прес-конференција по повеќечасовни разговори за ситуацијата во Украина.
„Ова е почетна точка од разговорите,“ изјави Путин, додавајќи дека гледа напори од страна на Трамп да се најде решение за украинската криза.
Трамп истакна дека средбата била исклучително тешка, но и конструктивна:
„Многу тешки разговори имавме, останаа мали недоразбирања за кои мислам дека ќе се решат. Блиску сме до договор,“ рече американскиот претседател.
Сепак, тој нагласи дека засега „нема договор“ и дека ќе направи неколку телефонски разговори со НАТО и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на кого ќе му ги пренесе разговорите со Путин.
„Најбитната работа е што имавме добар состанок. Знаеме дека повторно ќе се видиме во Москва,“ додаде Трамп.
Оваа средба е означена како историска и се гледа како можен нов почеток на преговорите околу прекинот на огнот и мировниот процес во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…