Објавено на:

Путин му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

t

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за инаугурацијата.
„Ги гледаме изјавите на новоизбраниот американски претседател и членовите на неговиот тим за желбата да се обноват директните контакти со Русија, прекинати не по наша вина од администрацијата во заминување. Ги слушаме и неговите изјави за потребата да се направи се за да се спречи третата светска војна. Се разбира, го поздравуваме таквото расположение и му честитаме на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави за преземањето на функцијата“, рече Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност.


Тој потсети дека предизборниот период бил тежок за Трамп и дека бил под голем притисок.
„Очигледно е дека предизборниот период за господинот Трамп не беше лесен во ниту еден поглед: тој и членовите на неговото семејство беа постојано под голем притисок. Имаше и обид за атентат“, рече Путин.
Рускиот лидер оцени дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД е убедлива.
Тој покажа храброст и извојува убедлива победа на изборите“, рече Путин.


Според него, Москва никогаш не одбила дијалог со ниту една американска администрација.
„Никогаш не сме одбиле дијалог, секогаш сме биле подготвени да одржуваме еднакви односи и соработка со која било американска администрација“, нагласи рускиот претседател.
Тој изјави и дека Русија претпоставува дека дијалогот со Вашингтон ќе се гради на рамноправна основа.
„Ние тргнуваме од фактот дека дијалогот ќе се гради на еднаква основа и взаемно почитување, земајќи ја предвид значајната улога што ја играат нашите земји во голем број клучни прашања на глобалната агенда, вклучително и зајакнувањето на стратешката стабилност и безбедност, “ објасни Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…