Путин не планира да се сретне со Трамп

Можна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија, која би можела да се случи во наредните недели, „нема никаква врска“ со Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ, додавајќи дека во оваа фаза не е предвидена средба меѓу двајцата лидери.
Трамп во понеделникот рече дека неговата посета на Саудиска Арабија е можна почнувајќи од следниот месец, што ќе биде негова прва странска посета по враќањето во Белата куќа во јануари.
Во февруари тој навести дека „веројатно“ може да се сретне со Путин во таа земја, без да наведе конкретен датум. Оттогаш, саудиското кралство е домаќин на разговори на повеќе делегации за конфликтот во Украина.
Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, на прашањето за можната посета на Трамп на Саудиска Арабија, одлучно одговори дека тоа „нема никаква врска“ со Путин.
„Рускиот претседател засега нема такви планови“, рече Песков.
Според него, Русија продолжува да одржува „контакти на различни нивоа, преку различни канали“, но ништо конкретно не е договорено во врска со датумот и местото на евентуалната средба меѓу Путин и Трамп.
Откако ја презеде претседателската функција, Трамп се зближи со Москва, но и го критикуваше и му се закануваше на својот руски колега.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа во 2018 година во Финска за време на првиот мандат на републиканскиот претседател од 2017 до 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарka со микрофон го удри Доналд Трамп…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
Францускиот екстремно десничарски лидер го откажа говорот…
Францускиот екстремно десничарски лидер Џордан Бардела го…
Маж кој Трамп го помилува за упадот…
Метју Хатл од американската сојузна држава Индијана,…
Луксузен хотел „Трамп“ ќе „никне“ во Белград?
Додека Доналд Трамп се враќа во Белата…