Путин: Објавија ли точно во колку часот ќе почне војната?

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница. Состанокот е во тек.

Кремљ соопшти дека очекува „подолги“ разговори бидејќи Путин и Шолц имаат „многу прашања за разговор“.

Портпаролот на Кремљ ги опиша предупредувањата дека Русија утре ќе изврши нов напад врз Украина како „неоснована хистерија дизајнирана да ги ескалира тензиите“.

Русија вели дека повлекувањето на некои сили од границите на Украина било планирано и нагласува дека ќе продолжи да ги преместува трупите низ својата територија како што ќе смета дека треба.

„Отсекогаш велевме дека по завршувањето на вежбите… војниците ќе се вратат во своите постојани бази. Нема ништо ново тука. Ова е вообичаен процес“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ги обвини САД дека ја поттикнуваат кризата со постојано предупредување за претстојна инвазија и раскажа дека претседателот Владимир Путин се шегувал за тоа.

„Тој побара (од нас) да видиме дали го објавиле точното време, до минута, на почетокот на војната“, вели тој. „Невозможно е да се разбере ова манично информативно лудило“.

Сè уште не се знае точно колку војници повлече Русија. На границите на Украина има околу 130.000 руски војници, од кои некои се и во соседна Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…

Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Данска го зголемува буџетот за одбрана на…

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…