ПУТИН ПОДГОТВУВА НОВА КАНДИДАТУРА: Ќе остане на власт најмалку до 2030 година
Владимир Путин не се откажува од претседателската функција. Рускиот претседател одлучил да се кандидира на претседателските избори во земјата закажани за март 2024 година, а со овој потег тој ќе се задржи на власт најмалку до 2030 година, наведува Ројтерс, повикувајќи се на шест свои неименувани извори.
Првиот човек на Кремљ, додава агенцијата, вака одлучил затоа што чувствува одговорност да ја води Русија низ нејзиниот најопасен период во последните децении.
Путин, кому Борис Елцин му го предаде претседателството на последниот ден од 1999 година, веќе е претседател со најдолг стаж по рускиот владетел Јосиф Сталин.
Путин на 7 октомври наполни 71 година.
Изворите, кои разговараа за Ројтерс под услов да останат анонимни, пред сѐ, поради чувствителноста на политиката на Кремљ, наведуваат дека веќе се протечени вестите за одлуката на Путин да се кандидира и дека сега советниците се подготвуваат за неговата претседателска кампања и за изборите.
Доколку навистина се кандидира, за Путин, кој според анкетите ужива 80% поддршка во Русија, и овие избори ќе бидат само формалност, бидејќи тој сигирно ќе победи со поддршка од државата, државните медиуми и речиси без општо несогласување во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…