Путин потпиша: Русија воведува визи за дипломатите од ЕУ, се укинуваат визните олеснувања на неколку категории граѓани
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша Закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќе европски земји.
Законот предвидува суспензија на визните олеснувања за повеќе категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и новинари и официјални делегации.
Со Законот се воведува визен режим за носители на дипломатски пасоши, а се укинуваат и визните привилегии за членовите на официјалните делегации, националните и регионалните влади и парламенти, уставните и врховните судови, како и за новинари.
Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на „непријателските земји”. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…