Објавено на:

Путин потпиша: Русија воведува визи за дипломатите од ЕУ, се укинуваат визните олеснувања на неколку категории граѓани

t

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша Закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќе европски земји.

Законот предвидува суспензија на визните олеснувања за повеќе категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и новинари и официјални делегации.

Со Законот се воведува визен режим за носители на дипломатски пасоши, а се укинуваат и визните привилегии за членовите на официјалните делегации, националните и регионалните влади и парламенти, уставните и врховните судови, како и за новинари.

Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на „непријателските земји”. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Велика Британија воведе нови санкции за руските…

Велика Британија воведе нови санкции против руски…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…