Путин разговараше со иранскиот претседател: Техеран не е заинтересиран за натамошна ескалација на ситуацијата
Иранскиот претседател Ибрахим Раиси телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.
Двајцата претседатели детално разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, по израелскиот напад и одговорот на Иран.
Како што истакна Раиси, одговорот на Иран бил изнуден и имаше ограничен карактер. Тој најави дека Техеран не е заинтересиран за натамошна ескалација на ситуацијата.
„Владимир Путин изрази надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и нема да дозволат нова рунда конфронтација која би имала катастрофални последици за целиот регион“, се вели во соопштението.
Разговорот се водел на иницијатива на иранската страна.
Вечерта на 13 април, Иран лансираше беспилотни летала и проектили кон Израел, нарекувајќи го одговор на бројни злосторства, вклучително и воздушен напад врз конзулатот на републиката во Дамаск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Техеран ќе гори“
Израел се закани со жестока одмазда против…
Иран ги одби САД: Техеран нема да…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Вториот човек на Хезболах побегнал од Либан…
Наим Касем, заменикот на генералниот секретар на…